НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кардиохирургот Јовев за разрешувањето: Се најдов во средина помеѓу премиерот и министерот

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Од денешната прес-конференција на разрешениот директор, кардиохирургот Сашко Јовев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев денеска во присуство на вработени и негови колеги од Клиниката рече дека за првпат земал боледување во 35 години работење, но го земал поради притисоци кои што ги имал минатата недела, пред разрешувањето.

„Имав притисоци дека сум направил грешка во самиот протокол за настанот при отворањето на нова хибридна сала, единствена во регионот. Уредно беа поканети сите, но единствено министерот за здравство не дојде, сметајќи дека нешто подоцна е дадена поканата за него, а порано за премиерот. Јас не можев да се мешам, тоа е Влада и они решаваат меѓусебе, а јас се најдов на средина. На крајот јас испаднав жртва, но и Кардиохирургија. Даваме лоша лекција на сите млади после нас“, рече Јовев на прес-конференција за неговото разрешување од страна на првиот човек во здравството, Фатмир Меџити.

Тој порача дека на Клиниката нема работно време, туку се работи секојдневно 24/7.

„Поддржан сум од СДСМ, но не сум партиски кадар. Заменик-министерката ме поддржа, а од премиерот не сум добил известување и сметаше дека не треба да се меша во нашата работа со министерот. Самата партија и нивните структури сериозно ми дадоа поддршка и застанаа на моја страна“, кажа Јовев за медиумите.

„Иницијалната каписла може да биде некоја суета или недоразбирање. Ние имаме чесно и интелектуално портфолио. Ова не почна политичко, но како се движи, може да има беспотребен политички пазар“, потенцира докторот, кој доби огромна поддршка и од пошироката јавност.

Во текот на изјавата на Јовев за медиумите неговите колеги го скандираа неговото име изразувајќи му поддршка. Дојдоа и пациенти пред Клиниката за кардиохирургија, каде изразија поддршка за докторот. Тие посочија дека благодарение на интервенциите од Јовев, сега се живи и здрави. На протестот излегоа и вработени од Клиниката. Дел од нив, сметаат дека ваквото постапување е бркање од дома на разрешениот директор.

На прес-конференцијата исто така беше објавено дека во решението за разрешување на Јовев од директорската функција како причина е наведено дека за 2022 година тој поднел исплатни листи за лекарски дежурства на Клиниката за кардиогирургија кои не биле одобрени од министерот. Јовев рече дека организацијата на дежурства не е во домен на министерот. Тој го повика Министерството за здравство и Владата да ја преиспитаат одлуката за неговото разрешување. Во емотивниот настап рече и дека „во оваа држава не се простува успехот“ и дека се гази по стручните достигнувања на успешните луѓе.

д-р Сашко Јовев разрешување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.