НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови потреси во Судскиот совет: Судиите Радевска-Стефкова и Герасимовски поднесоа оставки

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет, објави СДК.мк.

Денеска напладне претседателот на Советот, Сашко Георгиев, одржа тематски брифинг со новинарите за полагањето психолошки и тестови за интегритет и за надоместоците на судските службеници, но не се спомена информација дека членови поднеле оставка.

По завршувањето на брифингот, од прес-службата на Судскиот совет ја потврдија информацијата која, велат, ја дознале по средбата со новинарите. Причините за оставките официјално не се познати.

Двајцата беа членови на Судскиот совет помалку од една година – од 19 септември 2022, а беа избрани на непосредни избори од редовите на судиите.

Оставките доаѓаат во период кога ова тело се соочува со низа критики кои ескалираа со контроверзното разрешување на претседателката Весна Дамева, која беше покренато од група членови поради човечките односи во Советот. Сепак, тоа ги засили шпекулациите дека заднината на сето ова е иницијатива за утврдување одговорност на судијата Енвер Беџети од скопскиот Апелациски суд за кого токму Судскиот совет утврди дека девет месеци ја чувал првостепената пресуда во предметот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување, која тој и неговите колеги во советот одлучија да ја укинат и да го вратат случајот на повторно судење.

Предводник на групата членови која го поддржа разрешувањето на Дамева беше заменик-претседателот Селим Адеми.

По сите контроверзи и обидот да се излезе од ќор-сокакот преку две тајни седници на кои се повлече првичното разрешување на Дамева, а потоа и беше изгласана недоверба, и Адеми поднесе оставка. Меѓутоа, тој сè уште е на функцијата заменик-претседател и член на Советот.

Сепак, неговата оставка беше со одложено дејство – до избор на нов претседател на Судскиот совет на РСМ, објавување на одлуката за избор во „Службен весник на РСМ“ и негово запишување во Централниот регистар за овластен потписник на сите акти и сметки на Советот.

Зоран Герасимовски Мирјана Радевска-Стефкова оставки Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.