НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефкова и Герасимовски денес ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет

0
By Соња Крамарска on June 8, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судиите Мирјана Радевска Стефкова и Зоран Герасимовски денес ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет, а се очекува на седницата да се избере и заменик на Селим Адеми.

Герасимовски е апелациски судија, а Радевска-Стефкова е врховна судијка. Тие пред два дена поднесоа оставки од членство во Судскиот совет.

Судскиот совет во последниот месец е цел на негативни критики и од страна на меѓународната заедница, откако поранешната претседателка Весна Дамева, на 26 април, беше разрешена од функцијата. На седницата на Судскиот совет дојде до расправија кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред. Нејзиниот заменик Селим Адеми повика да се гласа за нејзино разрешување. Го поддржаа седум члена и тој констатираше дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

По критиките од стручната јавност дека е прекршена процедурата, беше одржана тајна седница на Советот на која беше повлечена одлуката за разрешување на Дамева, повторно беше ставена на дневен ред и беше изгласано нејзино разрешување, а воедно беше избран и нов претседател, Сашко Георгиев. Но со тоа не завршија проблемите, затоа што набргу реагираше меѓународната заедница при што холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп изрече остри критики на сметка на состојбите во Судскиот совет и го повлече тековниот грант од еден милион евра за професионализација и подобрување на капацитетите на управувачкото тело на судството. Потоа уследија и новите оставки на двајцата судии.

По нивните оставки, Коалицијата „Сите за правично судење“ ги повика и другите членови да поднесат оставки.

С.К.

оставки на Стефкова и Герасимовски Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.