По вчерашната лидерска средба а по повод промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, премиерот Димитар Ковачевски за утре свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, дознаваме од СДСМ.
„Состаноците на највисоките тела на партијата доаѓаат веднаш после одржувањето на лидерската средба а повод се промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски кои ги прифатија уставните измени нивно учество во Влада за европска иднина. Во вакви нови околности заседаваат органите на партијата а очекувано е темата да биде начинот и формата со којашто ќе продолжат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ.“, брифираат од СДСМ.