Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Петровска-Остин во Пентагон, договор за 10-годишна соработка во одбраната

0
By Соња Крамарска on June 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 13, 2023 09:55

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин по средбата во Пентагон ги поставија темелите за развој на одбранбената соработка помеѓу сојузниците – Северна Македонија и САД, за следните десет години.

Новиот патоказ кој беше потпишан во Пентагон, ги дефинира областите во македонско-американската одбранбена соработка кои ќе бидат приоритетни во следната декада и преку кои ќе се развива одбраната и Армијата на Македонија.

„Северна Македонија, денеска е земја-членка на НАТО и ние заедно со Соединетите Американски Држави стоиме рамо-до-рамо во справувањето со заедничките безбедносни предизвици. Минатата година САД ни дадоа огромна поддршка која не беше само финансиска. Разменувавме знаење и искуство, вежбавме и се обучувавме заедно и ние сме горди што заедно придонесуваме кон безбедноста на НАТО и на регионот“, рече министерката Петровска на состанокот.

Северна Македонија, порача американскиот секретар за одбрана Остин, е долгогодишен и одличен пријател на САД со кого споделуваме исти интереси и вредности. „Горд сум што имаме долгорочно и силно билатерално партнерство“, рече Остин и додаде дека „патоказот за соработката во следните 10 години покажува дека можеме да работиме заедно на модернизацијата и заедно да се носиме со глобалните предизвици“.

Во однос на руската агресија врз Украина, министерката Петровска порача дека Северна Македонија од самиот почеток ја осуди оваа неиспровоцирана и неоправдана инвазија и додаде дека нашата поддршка за Украина не е само политичка, туку е и во донации на воена опрема.

Секретарот за одбрана Остин, пак, изрази благодарност за сето она што Северна Македонија го направи во поддршка на украинскиот народ, за зацврстувањето на источното крило на Алијансата преку учеството во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, како и за безбедноста на регионот преку учеството во НАТО мисијата на Косово, КФОР.

На средбата стана збор и за европските интеграции на земјите од Западниот Балкан, при што министерката Петровска и секретарот за одбрана Остин заклучија дека потребни се брзи чекори напред и јасен сигнал дека процесот се движи кон главната цел – членство во Унијата.

С.К.

 

Лојд Остин Пентагон Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.