Папата Франциско пристигна во Турција со цел да помогне во дијалогот помеѓу религиите во земјата, пренесува ББС.
Папата беше пречекан од претседателот Реџеп Таип Ердоган, а ќе го посети и Истанбул, за да се сретне со поглаварот на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј.
Ова е четврта посета во историјата на Папата во главно муслиманската Турција.
Тридневната посета се случува во момент кога џихадистите на Исламската држава зазедоа територии од соседите на Сирија и Ирак.
Во интервју во пресрет на посетата папата ја изрази својата загриженост за случувањата во Сирија. Неговата Светост изјави за израелски весник дека гонењето на христијаните заради религијата е најжестокото од времето на раното христијанство.
Од Ватикан соопштија дека верската толеранција ќе биде меѓу главните акценти во разговорите на поглаварот на Римокатоличката црква со турскиот претседател Ердоган, чија Партија на правдата и развојот своите корени ги крие во политичкиот ислам.




