НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лосон: Нема потреба да дебатираме дали постои македонскиот јазик

0
By Marta Pesevska on June 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик, рече амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, на вечерашното одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје./Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик, рече амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, на вечерашното одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје.

– Ми се чини дека секој што негира дека постои македонскиот јазик не му кажал на Виз Ер, бидејќи секој месец се пријавувам на македонски јазик за мојот лет кога се враќам дома. Ова е мојот начин, нашиот британски начин да кажеме, „ние сме ваши партнери, пријатели и сојузници, продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и понатаму, рече Лосон.

По повод одбележувањето и на 30 години партнерство и дипломатски односи меѓу двете земји, амбасадорот рече дека секогаш ќе ја поддржуваат Северна Македонија како рамноправен партнер.

– Секогаш ќе ја поддржуваме Северна Македонија како рамноправен партнер во трговијата, инвестициите, во НАТО, ОБСЕ, Обединетите Нации. Нашето партнерство се протега и во вашата култура, јазик и историја. Ние сме горди на нашата историја и нашиот јазик во Обединетото Кралство, особено оваа година со крунисувањето на нашиот нов крал и разбираме и почитуваме дека и вие сте горди за вашиот јазик и вашата историја, дополни Лосон.

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан, Стјуарт Пич, на настанот што се одржа во Музеј на современа уметност во Скопје, истакна дека се гордеат што и Северна Македонија стои со Украина, не само со тоа што е значаен билатерален донатор, туку и со тоа што придонесува на пошироката европска безбедност преку НАТО.

– Како специјален претставник, дел од мојата улога е да промовирам отпорни и отворени општества. Додека беснее војна во Украина, на едвај 700 километри оттука, ова никогаш не било поважно. Стоиме заедно со Украина соочени со руската агресија затоа што веруваме во демократијата и меѓународниот систем заснован на правила. Горди сме што и Северна Македонија стои со Украина, не само со тоа што е значаен билатерален донатор, туку и со тоа што придонесува на пошироката европска безбедност преку НАТО, рече Пич, дополнувајќи дека вежбата „Брз одговор 22“ која се одржа минатата година беше јасен показател на оваа посветеност.

Тој рече дека Северна Македонија игра водечка улога на меѓународно ниво не е само преку НАТО.

– Северна Македонија претседава со ОБСЕ во време кога Русија се обидува да го поткопа пристапот на организацијата базиран на консензус. Го поздравувам ова лидерство и одбрана на основните принципи на ОБСЕ – отсуство од употреба на сила, почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и заштита на основните права и слободи, рече Пич.

Сподели дека политичката посветеност на реформите е клучна и Обединетото Кралство работи заедно со Северна Македонија во поддршка на институциите, граѓанското општество, слободните медиуми, истовремено промовирајќи го почитувањето на човековите права вклучително и родовата еднаквост.

– Нашата програма Чивнинг им даде шанса на над 200 граѓани да студираат на престижни британски универзитети. Стабилното инвестициско опкружување и пазарот на трудот ја поткрепуваат стабилноста. Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан, во 2022 година вкупната трговска размена изнесуваше 2,3 милијарди фунти со значителни инвестиции од британските компании како Џонсон Мети, Сопро и Централ Ејжа Металс, рече Пич.

Тој информираше дека наскоро ќе биде отворена бизнис комора на Обединетото Кралство/Северна Македонија, што ќе им овозможи на другите да ги споделат плодовите од ова партнерство.

– Да резимираме, ќе продолжиме да стоиме заедно со сите граѓани на Северна Македонија кои работат на обезбедување стабилна иднина во срцето на евроатлантската заедница. Ќе ве поддржиме во градењето на робусни институции за поддршка на оваа цел, во развојот на економијата и создавањето на работни места за обезбедување на посветла иднина на следната генерација, рече Пич.

Во рамките на одбележувањето на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје денеска се одигра и фудбалски натпревар помеѓу женската селекција на С Македонија и армиската екипа на Велика Британија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.