Published: Saturday, November 29, 2014 20:21
Европската унија да ги прекине санкциите и да ги укине „црните листи“ за граѓаните на Русија, побара заменик-министерот за надворешни работи на земјата Алексеј Мешков. Според него Москва е подготвена да ги прекине своите возвратни мерки.
Тој вели штетата од санкциите ќе бидат близу 40 милијарди евра и за Европа и за Русија, но предупреди дека очекува раст на штетата.
Мешков инсистира дека санкциите носат штета не само на земјите за кои се наменети туку и на овон кој ги воведува.
Рускиот дипломат наведува дека земјите од ЕУ „си пукаат во нога“ со санкциите бидејќи според него, секој ден го намалуваат бројот на работни места.
„Црната листа“ на ЕУ брои 132 државјани на Русија и Украина.




