Published: Sunday, November 30, 2014 15:35
Во последните 24 часа најмалку 50 џихадисти на Исламската држава се убиени во градот Кобани.
Според сириската Опсерваторија за заштита на човековите права џихадистите загинале како последица на воздушните напади на Меѓународната коалиција предводена од САД, како и во самоубиствени напади во некои делови на Кобани.
Борбите во Кобани започнаа во средината на септември месец годинава, а Исламската држата прогласи Калифат на териториите кои ги контролира во Ирак и Сирија.




