По Граѓанската листа и ДЕСУС, владата на Јанез Јанша денеска ја напушта и СЛС. Оставки поднесоа министрите за земјоделство и стопански разој, Франц Боговиќ и Радован Жерјав.
Така, владата на Јанша ја составуваат две партии, неговата СДС и Нова Словенија.
Заедно со Јанша, сега во владата на Словенија има седум министри. Правните ескперти тврдат дека тоа е доволно за опстанок на кабинетот.
По повлекувањето, СЛС со став дека се за техничка влада со јасен мандат – предвремени парламентарни избори.
Пратениците на „Позитивна Словенија“, која на последните избори поедничено освои најмногу гласови, во петокот поведоа постапка за гласање на недоверба на Јанша, а за мандатар ја предложија Аленка Братушек.
Гласањето би требало да се одржи на вонредна седница во среда.