Постои голем ризик за ширење на еболата во другите делови на светот, предупреди првиот човек на мисијата на ОН за борбата против еболата во Западна Африка Тони Банбари.
Тој во октомври во Советот за безбедност на ОН рече дека до 1.декември 70 отсто од заболените од смртоносниот вирус ќе ја добијат потребната терапија, а оние чии живот ќе биде загрозен од вирусот ќе добијат достоен погреб.
Според шефот на мисијата на ОН, остварени се поголем дел од зацртаните цели во борбата против еболата во најпогодените земји Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.
Според Светската здравствена организација најмалку 20 отсто се здобиле со вирусот за време на погреб на претходно заболени.
Последниот извештај на СЗО потенцира дека од ебола вирусот починале 6.928 луѓе а заразени се повеќе од 16.000.
– Би можела да се прошири во овој регион но и доколку некој со авион замине во Азија, Латинска Америка, Северна Америка или Европа. Затоа е многу важно да дојдеме до бројката нула нови случаи на ебола, изјави Банбари.




