Published: Monday, December 1, 2014 14:53
Обвинителството во Хашкиот трибунал побара враќање на Војислав Шешељ во Хаг и да му биде укината привремената слобода.
Според Обвинителството, лидерот на Српската радикална партија по враќањето во Србија „го поткопал“ духот на одлуката донесена „од хуманитарни причини“.
Според наводите, хашкото Обвинителство бара расправа за неговата здравствена состојба и нови услови според кои би бил повторно ослободен.
Обвинителството инсистира дека Шешељ им се заканува на луѓето кои сотаботуваат со нив, што претставува кршење на условитеза привремено пуштање на слобода.
Лидерот на сроските радикали беше ослободен на 6.ноември.




