НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Застапеноста на жените во Парламентот во Северна Македонија е над просекот од целиот регион што го покрива ОБСЕ

0
By Соња Крамарска on June 23, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Просечната застапеност на жените во парламентот во целиот регион што го покрива ОБСЕ е 29,6 проценти, во Северна Македонија е над просекот, што е впечатливо и има 42,5 проценти жени во парламентот, истакна шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал на денешната регионална конференција „ Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“, организирана од страна на Клубот на пратенички на Собранието, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тој ги спомна предизвиците со кои се соочуваат жените политичари за време на изборите или нивната незастапеност во одредени функции пред и после избори, но рече дека земјава ќе може да влијае на овие предизвици со тоа што ќе го спроведе новиот закон за родовата еднаквост.

– ОБСЕ и понатаму е ваш партнер за постигнување на родовата еднаквост, но ние само имаме улога на поддршка. Вашата заложба како парламентарки е од клучна важност за понатамошниот успех на овие заложби и вашата работа е од суштинска важност за да се постигнат човековите права на жените кои се суштински дел на безбедноста и просперитетот на нашето општество, рече Вал.

Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека земјава има воспоставено цврста рамка за унапредување на родовата еднаквост во јавното и политичкото живеење и во делот на сите важни меѓународни политики за родовите прашања, како што се Конвенцијата на Обединетите Нации за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените, Пекиншката платформа за акција на ОН, Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на човековите права и основни слободи и Истанбулската конвенција за борба против насилство врз жените.

„Постои волја за спроведување реформи со цел јакнење на парламентарната демократија и унапредување на родовата сензитивност. Тоа го потврдува и ОДИХР која ги признава реалните заложби и значителните достигнувања со обезбедување на родова еднаквост и со закон и во пракса, за да се зајакне правната основа“, рече Џафери.

Тој информираше дека усвоени се значајни законски измени што одат во насока на подобрување, заштита, унапредување и вреднување на статусот и придонесот на жената како рамноправен член во општествената заедница.

„Донесени се неколку национални стратегии со кои се настојува да се покријат сите сфери во кои се чувствува нееднаквоста, дискриминацијата, ексклузивноста на мажите наспроти жените и тие настојувања продолжуваат со можеби најважната новина, а тоа е родовото одговорно буџетирање“, додаде претседателот на Собранието.

Посочи дека е донесен и вториот план на активности за унапредување на родовата сензитивност, направени се предлог измени на систематизацијата со менување на позицијата советник за родови прашања и дека во тек се и активности во насока на измени на Деловникот за работа на Собранието.

извор: МИА

жени во Парламентот Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.