Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ во Македонската филхармонија гостува Белградска филхармонија, предводена од славниот маестро Зубин Мехта. Тој во интервју за Телма телевизија истакна дека не прави компромис со стандардите за квалитет на изведбата на секој еден музичар.
-Во мојот оркестар, каде што сум музички директор го знам секој музичар лично, но и кога не е така се обидувам да ги запознаам нивните очи и да ги инспирирам. Секое ремек дело има свој важен соло дел со обоа, потоа соло со хорна, потоа има важни премини за сите виолини заедно. Кога започнував како млад диригент, барав од музичарите да дојдат и да ми го кажат нивното мислење. Голем дел тоа го правеа и јас секогаш бев отворен. Многу научив од нив, рече Мехта.
Според него најважна е скромноста.
-Иако не се согласувате со оркестарот или изведувачите, некогаш мора да прифатите дека некако можеби тие се во право, можеби ќе треба да се потрудам повеќе наредниот пат, бидејќи секој концерт е проба за следниот. Поради тоа скромен сум. Ако публиката не аплаудира и тоа го прифаќам и се обидувам да бидам подобар следниот пат или пак си велам дека тие погрешиле, истакна Мехта.