Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на „Пепелашка во хромиран ковчег“ од Звонко Карановиќ

0
By Нова ТВ on December 1, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Пепелашка во хромиран ковчег“ од наградуваниот српски автор Звонко Карановиќ е 16. по ред наслов објавен во едицијата ЕваТас во која Блесок објавува книги со избрана поезија на повеќе јазици. Оваа книга поезија ќе биде промовирана во „Концепт 37“ (Рузвелтова 37, Скопје), вечерва со почеток во 20 часот. После разговорот помеѓу авторот Звонко Карановиќ и неговиот преведувач Игор Исаковски, двајцата ќе читаат песни од „Пепелашка во хромиран ковчег“. Влезот е слободен.

Звонко Карановиќ (1959) е поет и прозаист роден во Ниш, Србија. По примерот на писателите од бит генерацијата, патувал низ Европа, стопирал, често менувал занимања. Работел како новинар, уредник, водител на радио, диџеј, организатор на концерти, тринаесет години бил сопственик на музичка продавница. Почнал да пишува под влијание на бит книжевноста, филмот и поп културата. Како писател со изразена урбана чувственост, долги години бил култен андерграунд поет со силно влијание на поетите од помладата генерација. Автор е на осум книги поезија. Песните му се преведувани на десетина европски јазици, застапен е во многу поетски антологии.

Добитник е на неколку српски награди за поезија, како и на меѓународната стипендија за писатели за 2011 година која ја доделува Фондацијата Хајнрих Бел (Келн, Германија).
Звонко Карановиќ денес живее во Белград како слободен уметник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.