Во Кинотека на Македонија, во среда, со почеток во 18 часот премиерно ќе се прикаже краткиот игран филм „Шумарот“.
„Шумарот“ е 25-минутна семејна драма во која акцентот е ставен на односот
помеѓу синот и таткото. Режисер на филмот е младиот Изер Алиу, а
филмот е во продукција на „ВЕДА Филмс“ од Скопје и Норвешката филмска школа одЛилехамер. Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија.
Улогите во филмот ги толкуваат единаесетгодишниот Бесим Муртезани,
шестгодишниот Алтин Аџани и актерот Бурхам Амити во улога на таткото.
Филмот е добитник на престижната награда „Аманда“ и е прогласен за најдобар
краток филм на Интернационалниот фимски фестивал во Берген, Норвешка и веројатно првиот кој претставува норвешко – македонска копродукција.