НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Воспоставив одлична соработка со Австрија и нема да дозволам нивниот претставник, без аргументи, да го валка моето име

0
By Gabi Tocko on June 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, преку соопштение до медиумите, денеска побара да се отстранат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „ДЕНА трејд“ за производство на корнишони која, како што пишува во соопштението, е поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Фронтлајн стапи во контакт со Зоран Заев, со барање да даде коментар на ова соопштение на австрискиот амбасадор.

„Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите.  Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и транспарентен, како и сите други судски процеси.  Законите важат еднакво за сите и убеден сум дека судот ќе донесе законита одлука, како што впрочем се очекува, без разлика за кој граѓанин или правен субјект се однесува. Јас можам само да апелирам судот и правосудните органи, како и било која друга институција, да си носат исклучиво законски одлуките и да не дозволат никој да им влијае на работењето и одлучувањето“, изјави Зоран Заев за Фронтлајн.

Заев не го крие своето разочарување од тонот на соопштението на амбасадорот Вуцас. Тој смета дека не постојат докази и аргументи со кои амбасадорот може да го валка неговото име.

„Ако амбасадорот и амбасадата го споменат уште еднаш моето име во ваква негативна конотација, нема да можам ништо друго да преземам, освен што ќе морам да ги тужам за нанесена штета врз честа и угледот. Јас се сметам за пријател на Австрија и за време на мојата одговорност како Премиер сум воспоставил одлични пријателски релации и соработка со Австрија. Така што, нема да дозволам првиот претставник на Австрија во Северна Македонија со ваква леснотија и без било какви докази и аргументи да го валка моето име“, вели Заев за Фронтлајн.

Доколку продолжат овие обвинувања, Заев најави тужба.

„Следното споменување на моето име на ваков начин ќе значи дека ќе треба да се видиме на суд со амбасадорот на Австрија, за да покаже и докаже било каква моја инволвираност. Во спротивно, ќе барам јавно извинување, надомест на штета за нарушени чест и углед, и лично ќе го известам Австриското МНР и Влада на Австрија за ваквиот однос на Амбасадорот на Австрија“, категоричен е Заев во одговор на прашањето од Фронтлајн.

Извор: Фронтлајн

Георг Вуцас Зоран Заев судски спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.