НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова од Брисел: Подготвени сме да го преземеме нашиот дел од одговорноста

0
By Marta Pesevska on July 3, 2023 ВЕСТИ
Денеска во Брисел започнува билатералинот скрининг за Поглавје 27- Животна средина и климатски промени што претставува еден од двата најдолги скрининзи и ќе траe од 3-ти до 7-ми јули.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Брисел започнува билатералинот скрининг за Поглавје 27- Животна средина и климатски промени што претставува еден од двата најдолги скрининзи и ќе траe од 3-ти до 7-ми јули. На скринингот пред Европската комисија преку 75 презентации ќе бидат презентирани состојбите во областите: хоризонтално законодавство, управување со отпад, квалитет на вода,  природа, хемикалии, индустриско загадување и климатски промени.

„Нашата држава е посветена на усогласувањето на националното со европското законодавство во најкомплексното Поглавје 27- Животна средина и климатски промени, за кое што е одговорно Министерството за животна средина и просторно планирање. Но, посебен предизвик е неговата имплементација. Во изминатиов период преземавме сериозни чекори за подобрување на состојбите речиси во сите области, особено во делот на управување со отпад и управување со води. Очекувам, покрај размена на информации за постигнатото, заеднички да ги идентификуваме предизвиците по области, особено во оние што побаруваат високи инвестициски вложувања и да обезбедиме силна поддршка и од европските институции, но и внатре од државата, бидејќи само со широка инклузивност и посветеност можеме да ја постигнеме зацртаната цел“- истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на отварањето на скрингот.

Покрај тоа што ова е едно од најкомплексните поглавја, тоа е воедно и едно од најскапите. Координатор на Поглавјето е Министерството за животна средина и просторно планирање за сите области, освен за делот за хемикалии за кој е одговорно Министерството за здравство. Вклучени се и низа други институции, меѓу кои и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Управата хидрометеоролошки работи, Агенцијата за храна и ветерина и други.

Поради комплексноста на поглавјето и поради високите инвестициски побарувања за нивна реализација се очекува одобрување на подолги транзициски периоди за имплементација , особено за директивите со високи инвестициски вложувања.

Според Шукова, освен предизвикот да се постигнат барањата на ЕУ преку усогласување на националното законодавство со европското и мудрото креирање политики што водат кон негова имплементација, државата и  Министерството за животна средина и просторно планирање се соочува и со предизвикот за прифаќање на тие политики на сите нивоа во општеството и обезбедување соодветна структура на управување.

„ Подготвени сме да го преземеме нашиот дел од одговорноста. Сметаме на вашето лидерство, размена на знаења и искуства за продолжување на нашата соработка за ова поглавје во духот на меѓусебна доверба, почит и заедничко разбирање за постигнување на нашата заедничка цел во заштитата на животната средина и постигнување на полноправното членство во европската заедница“ порача Шукова од Брисел.

животна средина Поглавје 27 Шукова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.