Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската ракета „Аријана 5“ полета на последната мисија

0
By Ана Василевска on July 6, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 6, 2023 09:51

Европската ракета „Аријана 5“ за последен пат полета од Француска Гвајана вчера, носејќи два воено-комуникациски сателити, но и оставајќи ги своите земји-основачки со вакуум во независниот пристап до вселената првпат по повеќе од четири десетлетија.

Мисијата за поставување на францускиот сателит „Сиракуз 4-Б“ и германскиот „Хајнрих Херц (Х2Сат)“ во геостационарната орбита го означува крајот на програмата „Аријана 5“ по 27 години работа. Ова беше 117-та и последна мисија за тристепената, 53 метри висока ракета што ја напушти лансирната рампа на космодромот „Куру“ во 19 часот по локално време. Оперативната употреба на нејзиниот наследник – „Аријана 6“ е одложена до 2024 година, поради технички причини.

До неодамна, Европа зависеше од „Аријанa 5“ и носивоста од над 11 тони, како и од рускиот „Сојуз“ за средна носивост и од италијанската „Вега“ за мал товар. Москва го повлече пристапот до „Сојуз“ лани поради состојбите околу Украина. А пак, надградената „Вега Ц“ останува приземјена по неуспехот на своето второ лансирање во декември, што предизвика „криза“, како што истакна раководителот на Европската вселенска агенција (ЕСА).

Гијом Фори, главен извршен директор на „Ербас“ – фирма-сосопственик на производителот „Аријанагруп“ со француски „Сафран“, пред извесно време изјави дека јазот ја истакнува „ранливоста“ на Европа во вселената.

– Сега сиот притисок е врз „Аријана 6“, а првото пробно лансирање се очекува до крајот на годината, во зависност од испитувањата што ќе се извршат летово, а првата комерцијална операција е планирана за следната година, изјави Фори на Парискиот авиофорум.

Развојот на развојот на овие ракети почна во 1973., а првата „Аријана 1“ полета во 1979 година. Првиот лет на „Аријана 5“ во 1996. заврши неуспешно бидејќи ракетата излета од патеката по 40 секунди и експлодираше. Сепак, таа ракета беше вклучена во неколку пресвртници во вселенскиот сообраќај, вклучувајќи го и поставувањето на телескопот „Џејмс Веб“ во 2021 година, во соработка со НАСА, Канадската вселенска агенција и европската мисија „Розета“.

ЕСА ракета „Аријана 5“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.