По насилствата кои следуваа после големите протести во кои учествуваа околу 10.000 луѓе во знак на поддршка за анархистот Никос Романос кој во затвор штрајкува со глад, шестмина се уапсени, запалени се неколку автобуси и автомобили.
Романос кој бара вонредно слушање на предметите во Универзитет, веќе три недели штрајкува со глад. Тој од затвор го полагаше приемниот испит.
Демонстрантите поставија барикади на неколку улици околу атинскиот Политехнички универзитет, а полицијата употреби солзавец и гранати за да ја растера толпата.
Дождот не ги запре демонстрантите а во маршот учествуваа и членови на подмладокот на главната опозициска Радикална левичарска коалиција (Сириза) и на Комунистичката партија на Грција (ККЕ).
Протестни маршеви се одржаа и во Солун, Патрас, Јанина и Крит.




