Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што му носи Украина на НАТО

0
By Ана Василевска on July 13, 2023 ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОЛУМНА
Јулија Тимошенко
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 13, 2023 11:34

Пишува: ЈУЛИЈА ТИМОШЕНКО / Project Syndicate

Оваа недела, речиси секој Украинец ќе гледа со копнеж кон главниот град на Литванија, Вилнус. Токму таму, на самитот на лидерите на НАТО, ќе започне да се одлучува за нашето место во Европа и на Запад.

Иако во суштина сите Украинци сонуваат за членство во НАТО, бруталната борба во која бевме принудени да се вклучиме откако Русија ја нападна нашата земја пред речиси 18 месеци, нè научи на тешки лекции по реализам. Така, сите сме доволно свесни дека нема да биде лесен подвиг да се претвори нашиот сон за НАТО во реалност. Јас сум секако свесна: во 2018 година, јас го потпишав писмото за приклучување на Украина до генералниот секретар на НАТО. А сепак, Украина остана надвор од Алијансата – со големи последици.

Никој не очекува на Украина да ѝ биде понудено членство во НАТО додека војна беснее на нашата територија. Ова секако би ја принудило алијансата, според член 5 од нејзиниот основачки договор, да интервенира во конфликтот. Идејата за целосна војна помеѓу НАТО и Русија – земја нуклеарно вооружена која веќе покажа криминално ниво на непромисленост – на никого не му одговара, па ниту на Украинците.

Но, сегашната војна нема да трае засекогаш. Вештините и храброста на нашите војници, заедно со посветеноста на нашите сојузници и пријатели – не само членки на НАТО, туку и десетици други земји, дури до Јапонија – да не снабдуваат со оружјата што ни се потребни за да ја протераме Русија од нашата територија ќе се погрижат за тоа. Членството во НАТО за Украина, според тоа, е за тоа што е потребно откако војната ќе заврши. Се работи за обновување и одржување на мирот во Европа и оттука за исполнување на најосновната цел на НАТО.

Сепак, во рамките на алијансата, постојат сомнежи за мудроста да станеме членки. Дозволете ми да се обидам да отфрлам некои од нив.

Некои се чини се загрижени дека Украина ќе стане некој вид на паразит, што на НАТО нема да му понуди ништо друго освен главоболки. Но, не може да има подобар доказ за спротивното од нашиот ефективен отпор – и конечниот пораз – на Русија на бојното поле. Всушност, нашата исклучително самоуверена војска тестирана на бојното поле ќе биде главно средство за трансатлантската безбедност во децениите што доаѓаат.

На боиштата во Украина, се има родено нов вид на војување, а токму украинските војници – не оние на Русија – се тие кои имаат смислено нови и често генијални тактики. Додека речиси сите членки на НАТО имаат оскудно искуство со војни од големи размери во дваесет и првиот век, војската на Украина – од новопримени војници до генералштабот –разбираат дека технологијата и поединечното одлучување, до ниво на вод, ќе бидат клучот за воениот успех во наредните децении. Нашиот е нов модел на војска што Европејците ќе сакаат да го следат во однос на обука, тактики и одговорност дадена на секој војник.

Факт е дека украинската војска е неспоредливо најдобрата борбена сила  во Европа во догледна иднина. А НАТО може да биде сигурен дека секогаш ќе се одржува на врвна подготвеност. Ние плативме висока цена за тоа што бевме неподготвени за војна во 2014 година, кога Русија првпат ја нападна нашата територија и го зазеде Крим. Тоа нема повторно да се случи. Ние ќе бидеме сојузник подготвен и способен да ја брани секоја педа од територијата на НАТО од првиот ден на нашето приклучување.

Таа возвишена посветеност да ги браниме нашите сојузници е нешто што сум сигурна дека Украина ќе поддржува. Членките на НАТО треба да се потсетат дека кога војната започна, ние бевме „сами“ на ист начин на кој Винстон Черчил го гледаше како само Обединетото Кралство во пролетта 1940 година. Но, ние не се колебаме да застанеме и да се бориме. Нашето единство, упорност и непоколебливост во тие мрачни часови, денови и недели треба да ја имаат почитта од сите членки на НАТО. Нашата е нација која ќе се бори за слобода без разлика на шансите.

Што се однесува на нуклеарната закана, токму статусот на Украина како земја која не е членка на НАТО ги овозможи нуклеарните закани на Кремљ. Немаше никакви нуклеарни закани во Европа со децении пред руската целосна инвазија на Украина во 2022 година. Но, бидејќи Украина не е членка на НАТО, руското лидерство постојано се заканува дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во текот на сегашниот конфликт.

Постои уште една причина зошто Украина би била предност за НАТО: кога ќе заврши војната, Русија сé уште ќе биде во соседството. Јас не поседувам кристална топка, не можам ни да почнам да погодувам кој ќе ја води Русија во тој момент. Но, знам дека обичните Руси – кои претрпеле децении деспотизам и кои веќе изгубиле 100.000 или повеќе од нивните синови во неуспешната агресорска војна – ќе бараат пример за општество кое го посакуваат за себе.

Просперитетна украинска демократија, целосно интегрирана во НАТО и Европската унија, може и мора да биде тој светол пример. Плативме превисока цена за да се задоволиме со нешто помалку.

Јулија Тимошенко е поранешна премиерка на Украина.

Превод: Наташа Цветковска

Извор: Фронтлајн.мк

Војна во Украина Јулија Тимошенко Украина во НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.