Унгарија го повика највисокиот американски дипломат во Будимпешта откако сенаторот Џон Мекејн го опиша премиерот Виктор Орбан како “нео-фашистички диктатор”, јавува Би-Би-Си.
Унгарската влада ги отфрли забелешките, за кои вели дека се целосно неприфатливи.
Сенаторот Мекејн говореше во американскиот Сенат, во вторникот пред гласањето за назначување на поранешната продуцентка на ТВ сапунска опера како амбасадорка во Унгарија.
Колин Бел е “целосно неквалификувана” за таква улога, рече сенаторот Мекејн.
Републикански сенатор бил незадоволен со именувањето на г-ѓа Бел оваа година, за време на нејзиниот хиеринг (испрашување, во случајов за функцијата амбасадор) за нејзините планови за тоа што сака да направи поинаку од нејзиниот претходник како амбасадор во Будимпешта.
Постои широко незадоволство околу проблемите на нејзините перформанси.

Koлин Бел
Колин Бел, како поранешна продуцентка на The Bold and The Beautiful, рече Сен. Меккејн е назначена како политички избор за амбасадор затоа што контибуирала со 800.000 $ за претседателот Барак Обама во последната изборна кампања.




