НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слава и!

0
By Marta Pesevska on July 16, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Про. д-р. Ана Чупеска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Ана Чупеска

Личните причини за овој чин, ќе треба да останат само такви: лични. И, тоа мора да се почитува заради нејзиното достоинството и достоинството на нејзиното семејство. Тие, не се должни да страдаат од јавните паланачки рекла казала и фејсбук толкувања. Одвратни сте со коментарите – вие, радознали воајери. Очајни сте, со жутоштампарската заинтересираност. Нула свест ниту за неа ниту за траумата на нејзиното семејство.

Нека почива во мир и во спокој, жената!

Слава и!

Причините за низа самоубиства не треба да нè интересираат на едно такво површно ниво, туку на системско. Затоа што никогаш тие не се само лични крикови на беспомошност и неретко се многу повеќе од тоа. Секогаш со ефект “од” и “кон” непосредната и пошироката околина.

Со други зборови, психичкото и политичкото не се взаемно исклучиви реалности, и тие се еден таков однос на постојана спрега и меѓузависност – која не смее да се игнорира.

Ова е докажливо уште од времето на Првата Светска Војна, а особено Втората Светска Војна кога и самата психијатрија на фашистичкиот естаблишмет пробува да ги нормализира екстерминациите. Или пак, во авторитарните политички системи кога се нормализираат нехуманите постапувања. Слично, денес во услови на брутален капитализам се комодифицира психичкото здравје. Но тоа е долга тема за една ваква кратка колумна. Поентата ми е дека врз психичкото здравје на луѓето во многу аспекти влијае и социо-политичката атмосфера. Тоа е факт. И тоа е таков факт кој не смееме да го занемаруваме.

Затоа, и прашањето кое мора да го адресираме, и вистина (итно) многу погласно и посовесно изискува политички сериозен, одговорен пристап и фокус кон психичкото, менталното и емотивното здравје денес во земјава. Особено, во услови на дисоцијативни политички состојби, постпандемиски трауматски ПТС доба, кризни состојби и изобилие на нестабилни животни приказни и околности со прекарни атрибути; медиумски индуцирани атаци кои проектираат неизвесни иднини и стимулираат вознемиреност и несигурност (политичка пропаганда од десно) и особено во локалната и простачка средина каде сè уште се стигматизираат душевните страдања.

Овде не се води доволно грижа за сериозните последици од нетретирањето на душевните заболувања, менталното здравје и емотивната добросостојба – како еден нивен предуслов.  Овде, идејата за матичен психолог на пример успешно пропадна ( sic!).

Во образованието нема волја да се воведе предмет кој ќе се занимава со животни вештини за справување со себе и интроспекција, како што е например грижата за сопствената психичка добросотојба;

Овде на децата, родителите и наставниците им се ЗАКАНУВААТ со #Психолог!

Овде децата не ги учиме на свест за сопствените чувства и ги тераме да ги игнорираат своите емоции, а хиперсензитивните ги етикетираме дека драматизираат и дека нивните психоемотивни состојби се непожелни. Емпатијата е надвор од нашиот видокруг.

Овде, на јавна говорница во парламентот се потсмеваа со траумите на една министерка;

Едноставно се нема чувство за елемнтарна самопочит – а камо ли пак за почит на Другиот.

Постпородилна депресија ли е, семејно психичко насилство ли е , анксиозност ли е , Коста Кецмановиќ ли е ?

Повеќе не е ни важно!

Но, ургентно е да се освестиме дека мора многу да инвестираме во менталното здравје на “нацијата” (колку и да звучи парадоксално тоа!)


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: Либертас

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.