Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Иловица до Солунa

0
By Marta Pesevska on July 21, 2023 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 21, 2023 17:28

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Со песната „Не плачи мајко не жали, ако загинам за Македонија“… присутните граѓани ги полнеа батериите со патриотизам, чиниш ќе тргнат во поход да го освојуваат Солун, а не дека дошле на благороден протест против отварање на рудник за злато и бакар во Иловица, стумичко. Пред официјалните излагања, присутните во еден глас ја испеаja химната „Македонците се борат за своите правдини…“ и веднаш по химната следуваше воведно обраќање во кое беа поздравени Македонците и Македонките, (следува громогласен аплауз). Продолжува, „под ова врело македонско сонце дојдовте во голем број да го искажете својот револт кон срамната одлука на Владата“, (скандирање УАА).

На протестот доминираа знамињата со вергина (како да се дојдени на партиски митинг), и буквално ги покрија транспарентите на еко-активистите. Говорниците како да ја утнале темата на протестот, па се расфрлаа со изрази дека нема да им дозволат на странските предатори кои се во спрега со нашите домашни предавници да прават што сакаат.

„Ние немаме резервна татковина и ќе се бориме за оваа наша жална и напатена татковина… Им порачуваме на сите внатрешни и надворешни непријатели, на струмичката котлина, дека ќе ја зачуваме нашата почва како што ни ја оставија нашите предци. Само сплотени ќе го победиме злото. Само така ќе ја зачуваме нашата мила и заедничка Македонија“.

Еден од говорниците истакна дека во тој регион живеат и луѓе кои се дојдени од (Егејска Македонија) Грција, и вели дека ги предупредил дека „од таму ги преселија душмани и од тука ќе ги селат душманите“.

Тие се заканија и со масовни судири и дестабилизација на државата и дека „само преку нив мртви“ ќе може да се изградат рудници. Ова ме потсети на националистичкиот протест (во 2021 година) на жителите (Македонци) од „Трајаново Трло“ во Кочани кои против изградба на типски куќи на социјално загрозени семејства, истакнаа транспарент „Само преку нас мртви“, нагласувајќи дека нема да дозволат до нив да се изгради нова населба која ќе биде населена со Роми.

Додека траеа говорите против отварање на рудници во струмичко, во неколку наврати се слушаа извици од напалената публика: „Смрт за предавниците“, „Смрт за Шиптари“, „Смрт за централната власт“…

На кратките паузи додека немаше излагања од говорниците, граѓаните се развеселуваа со песните: „Што ќе остане од Македонија, ако душмани те крадат и душмани те делат“… и „Проклети да се предавниците народ свој што го предале“… Истиот репертоар на песни кои се пуштаа на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, „За задничка Македонија“ против промена на името и против Францускиот предлог. А и не само репертоарот на песни туку и вокабуларот на излагањата беа идентични (и скандирањата).

„Ова е Република Македонија“, (нели, никогаш Северна)… „Ова е удар кон нашето достоинство, удар кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија“… „Здравјето на нацијата е загрозено“… „Македонија ќе ја кренеме пак на нозе“.

Една од говорничките, во ист манир како пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кога се мачеше да го запали Францускиот договор, па на крај го искина на парчиња, исто и таа со тешкотија го запали договорот (лист хартија) откако напомош и дојде уште еден соборец, и со друга запалка успеаја триумфално да го запалат.

На протестот против отварање на рудници се (зло)употреби и религијата. Еден од говорниците вели: „Струмичкото поле Бог ни го дал преку нашите предци“, отакако претходно ги поздрави свештениците кои дошле на протестот.

Друга говорничка раскажа како баба и во една прилика додека беа на поле и рече: „Синче, тука навечер се симињал Господ да вечера на струмичкото поле“.

Друга говорничка вели: „Македонија раѓа(ла) синови и ќерки и нема да има рудници, ќе има трудници“.

Правото на протест е демократско и загарантирано право. И треба да има протести, иницијативи, референдуми кога се работи за тема како што е отварање на рудници. Меѓутоа протестите против отварање на рудници не смејат да се претворат во предизборни митинзи и кампањи.


Текстот е личен став на авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.