НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активистите за спас на ГТЦ со кампања: „Во новата година со стариот ГТЦ“

0
By Влатко Чаловски on December 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ продолжува под мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“, кампања која според граѓанскиот активист Никола Писарев треба да им докаже на приватните инвеститори дека мора да постои граница на капиталот и зачувување на интересот на граѓаните.

Меѓу првите кои ја поддржуваат кампањата и Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ е Асоцијацијата на архитекти, а претседателката Сања Раѓеновиќ Јовановиќ вели дека секогаш ќе стојат во одбрана на автентичноста на објектот.

– ГТЦ остана како симбол на борбата против се она што му се случува на нашиот град. Архитектите, сигурно дека мора да понесат дел од одговорноста и ако успееме да го спасиме ГТЦ ќе се спасиме и себе како професија, изјави таа.

Од друга страна, активистот Писарев потенцираше дека околината на ГТЦ се граѓаните а во овој случај никако не смеат да бидат исклучени во прашањето за менувањето на објектот.

– Цела оваа кампања што ја правиме цел месец декември и големата протесна забава на 28 декември со мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“ треба да им покаже и на приватните инвеститори дека мора да постои граница на приватниот капитал и граница каде што мора да се зачува интересот на граѓаните, а токму тоа е ГТЦ и целата иницијатива е за зачувување на еден објект кој што е премногу важен за Скопје. Многу луѓе го препознаваат ГТЦ како срцето на градот, кое што во моментов, како и целиот град е во прединфрактна состојба, а ние имаме одговорност кон идните генерации да им го предадеме овој објект ваков отворен и убав, изјави Никола Писарев.

Првата средба на волонтери кои ќе се вклучат во Иницијативата ќе се одржи веќе утре во Мобилната Галерија во Паркот на Франкофонијата од 18 часот, а од 10-11 овој месец, на влезот во ГТЦ ќе биде поставен штанд за разговор со граѓаните и собирање потписи против „уништувањето на ГТЦ“.

Кампањата на активистите и Иницијативата ќе го заокружи „барањето за спас на ГТЦ“ со протестна новогодишна забава која ќе се случи на 28 декември.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.