Рускиот претседател Владимир Путин предлага еднократна амнестија за сите оние руски граѓани кои ќе решат да го донесат капиталот од оф шор земјите назад во Русија. Овој предлог доаѓа како одговор на стравовите дека Русија може да влезе во рецесија следната година.
Тој ветува законска заштита за сите оние кои ќе одлучат да ги вратат парите во домашните банки и можност да го регистрираат странскиот имот во согласност со руските закони.
Според предлогот, сите кои тоа ќе го сторат во периодот помеѓу 1 јануари и 20 хуни следната година нема да бидат предмет на никакви прашања и истраги во врска со потеклото на капиталот.
„Уверен сум дека имаме потреба да ја затвориме оваа страница и да отвориме нова од оф шор земјите кон историјата на нашата економија и нашата земја“, рече Путин.
Проценките на руската влада се дека само минатата година од Русија во оф шор дестинациите се одлеале повеќе од 100 милијарди американски долари.




