Полицаец застрелал 34-годишен невооружен афроамериканец во градот Феникс во Аризона сметајќи дека е нарко-дилер.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на 2 декември кога полицаецот го задржал Ремејн Брисбен и побарал од него да види што има во џебовите.
Откако допрел во еден од џебовите нешто што наликувало на пиштол, полицаецот кој е на возраст од 30 години пукал во Брисбен и го убил.
Во изјавата дадена во полицијата тој тврди дека тоа бил пиштол и дека животот му бил во опасност. По претрес на автомобилот на убиенот, татко на четири деца, биле наводно пронајдени марихуана и автоматски пиштол.
Инцидентот се случува во време на бран протести поврзани со убиства на други двајца невооружени црнци при слични полициски акции. И во двата случаја полицајците нема да одат на суд.
Стотици афроамериканци вчера протестираа по улиците на Феникс поради полициската акција. Тие бараа да биде соопштено името на полицаецот и тој да биде изведен пред суд.
Синоќа демонстранти маршираа на улиците во Питсбург, Бостон, Чикаго, Вашингтон и Њујорк, заради тоа што никој не одговара за смртта на Ерик Гарнер



