Еден полцаец со огнено оружје застрела невооружен афро-американец во Аризона, соопштија американските власти, по низата инциденти кои предизвикаа протести ширум улиците на САД.
Полицаецот се сомневал дека Рамејн Бризбон посегнал по својот џеб мислејќи дека ќе извади пиштол по што го застрелал со два куршума во пределот на градите. Сепак Бризбон имал во џебот само таблети.
– Бризбон ја ставил левата рака во џеб а полицаецот го фатил за рака и повеќе пати му повторил да не ја вади од џеб, стои во соопштението на полицијата.
Итна помош пробала да му помогне на младиот Афро-американец но тој починал на лице место.
– Има повеќе сведоци кои ќе го докажат спротивното од верзијата на полицаецот. Ова е бесмислена трагедија, Бризбон беше невооружен и не претставуваше закана за никого. Ќе го водиме случајот до крај, изјави адвокатот кој го претставува семејството на Бризбон.
Илјадници Американци синоќа излегоа на улиците на Њујорк и го затворија Бруклинскиот мост, осудувајќи го убиството на Афроамериканецот Ерик Гарнер, како и поради одлуката на големата порота за непокренување обвинение против полицаецот белец.
Ова е втора ноќ жителите на Њујорк да протестираат поради смртта на Гарнер, невооружен Афроамерикенц, кој за веме на апсењето во јули во Њујорк почина, откако полицијата го соборила на асфалт, а еден од полицајците го пристискал во пределот кај вратот и главата.




