Поранешната портпаролка на Карла дел Понте, Флоренс Артман смета дека барањето на обвинителот Серж Брамерк за враќање на Воислав Шешељ во Хаг е „залуден потег“.
Според неа, се работи за очајничка порака на сите внатре во Хашкиот трибунал кои се згрозени од одлуката да се ослободи Шешељ – јавно да се дистанцираат.
За сараевскиот „Дневни Аваз“ таа изјави дека не се сомнева дека Трибуналот во разумно време ќе донесе одлука за Ратко Младиќ и Радован Караџиќ.
Таа напоменува дека е згрозена што после еден месец нема одговор за многуте важни прашања кои се наметнуваат со ослободувањето на Шешељ бес никаква пресуда.
Токму неофицијалните ставови од Хаг оставаат простор за шпекулации, смета Артман.
Флоренс Артман заклучува дека безусловното ослободување на Шешељ е непогодна прилика за регионот бидејќи тој проповедал „омраза и насилство“.




