НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавен е нацрт Извештајот од Европската комисија за Кластер 1, „Фундаментални вредности“

0
By Ана Василевска on August 4, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Маричиќ на итервју во ТВ21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За Северна Македонија од страна на Европската комисија веќе е објавен и доставен нацрт скрининг Извештајот за Кластер 1, „Фундаментални вредности“.

Како што соопшти СЕП, оценката на Комисијата во Извештајот се заснова на информациите добиени за време на скринингот како и на дијалогот што се води во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и годишните Извештаи на Европската комисија кои се дел од пакетот за проширување.

-Ова е само нацрт Извештај кој допрва ќе се дискутира од страна на земјите членки на ЕУ и доаѓа во вистинско време кога интензивно работиме на изработка на Патоказите, вели вицепремиерот Маричиќ.

Извештајот ја отсликува состојбата на државата и насока за идните реформи кои Северна Македонија треба да ги направи во областа на владеењето на правото, поточно реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и човековите права, како и да го зајакне функционирањето на демократскиот институции и реформата во јавната администрација, со цел исполнување на условите за членство во Унијата.

-Извештајот за нас е водич и основа за подготовка на клучните документи-Патоказите за владеење….., а истовремено е рефлексија на скрининг процесот, кој трае скоро една година. Поединечните наоди ќе ги коментираме во натамошна фаза кога ќе треба да се вградат во Патоказите, кои ќе бидат консултирани со сите општествени чинители, во еден транспарентен и инклузивен процес, појаснува вицепремиерот Маричиќ.

Во Секретаријатот за европски прашања во моментот се работи на македонски превод на документот, на скрининг Извештајот, кој ќе биде дополнително објавен на нивната официјална веб страна, информираат од СЕП.

Линк од драфт верзијата на Извештајот: Screening report – North Macedonia (europa.eu)

Бојан Маричиќ ЕУ Кластер 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.