НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Нарбаева: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност

0
By Ана Василевска on August 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Османи-Нарбева
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ја почна посетата на Централна Азија.

Во фокус на средбата Османи – Нарбаева, како што соопшти МНР, беше улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, што воедно е и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

-Во таа насока, Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, заедно со Секретаријатот соработува со сите владини институции за спроведување на Националната стратегија за постигнување на родова еднаквост до 2030 година. За поздравување е и одобрувањето на Националниот акциски план за жени, мир и безбедност, истакна Османи на средбата со Нарбаева.

Покрај на легислативата што се однесува на подобрување на позицијата на жените во општеството, Сенатот на Узбекистан тесно соработува со ОБСЕ и за спроведување на реформите и во други области, како и зајакнување на парламентарниот надзор врз безбедносниот сектор и градење на капацитетите на претставниците на Парламентот во Узбекистан.

-ОБСЕ е подготвена да даде поддршка и во насока на спроведување на препораките на ОДИХР, како и во други области. Крајната цел на поддршката што ОБСЕ им ја дава на државните власти на Узбекистан е креирање на политики во полза на граѓаните и во насока на зацврстување на демократските процеси, рече Османи на средбата.

Во рамки на посетата на Узбекистан, Османи во Ташкент ќе се сретне и со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, а со министерот за надворешни работи, Бахтијор Саидов ќе има заедничка прес-конференција.

Покрај средбите со државниот врв, на агендата на претседавачот се средби и со претставници на граѓанското општество, а Османи ќе ја посети и Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан.

Бијар Османи ОБСЕ Танзила Нарбаева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.