Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американската амбасада за посетата на Курти: Настаните ги видовме како бескорисни

0
By Ана Василевска on August 16, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 16, 2023 15:30

Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје не гледа за неопходно да ја коментира посетата на премиерот на Косово, Албин Курти на Скопје и Тетово пред неколку дена, бидејќи како што велат „настаните ги видовме како бескорисни“.

– Настаните ги видовме како бескорисни и ве упатуваме на коментар во Амбасадата на САД во Приштина, велат од амбасадата за порталот indeks.mk.

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, зборувајќи за неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Северна Македонија, рече дека САД не поддржуваат ниту „Голема Албанија“ ниту „Голема Србија“.

– Соединетите Американски Држави не поддржуваат „голема Албанија“ или „голема Србија“, ниту пак прекројување на државните граници во балканскиот регион. Секој обид да се направи тоа би бил контрапродуктивен и дестабилизирачки. САД силно го поддржуваат територијалниот интегритет на сите земји од Западен Балкан, вклучително и Косово, рече Ховениер, пренесува „Газета експрес“.

Посетата на албанскиот премиер Курти предизвика многу реакции во домашната и регионалната јавност, а коментар за неа одбегна да даде и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, кој на новинарско прашање во Белград, рече дека тоа прашање ќе го остави за некој друг или пак на „фантазијата“.

– Ќе ви препуштам на вашата фантазија што луѓето можат да мислат за настанот во Тетово или прашајте некој друг, изјави Хил, прашан за коментар на посетата на Курти во Тетово.

Хил, исто така, порача дека Белград и Приштина треба да ги решат сите прашања преку бриселскиот дијалог.

Албин Курти минатата недела престојуваше во неофицијална посета на земјава без средби со државниот врв, но со заеднички активности со градоначалниците на Чаир и Тетово – преименувањето на улица во Општина Чаир и посета на планинското село Вејце во Општина Тетово.  Посетата предизвика лавина реакции во јавноста, градоначалниците Биљал Касами и Висар Ганиу добија прекршочни пријави за тоа што не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти.

Американска амбасада Скопје Посета на Албин Курти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.