Службите на француското претседателство одлучија да не ги објават сликите на претседателот Франсоа Оланд на кои тој се гледа со подарокот што го добил од претседателот на Казахстан при неговата скорешна посета на оваа централна Азија.
Но, корисниците на Инстаграм и Твитер не ја пропуштија оваа можност за да се насмеат велејќи дека „Оланд имал посебен третман во Казахстан на кој другите шефови на држави успеале да му избегаат”.
Оланд беше во куса 48-часовна посета на Казахстан за да разговара за зајакнувањето на економската размена но исто така и за политичка и универзитетска размена со оваа земја која се развива.
За време на посетата шефот на француската држава добил и подарок како што тоа е вообичаено при официјалните средби на шефовите на држави. Овој пат подарокот бил традиционален луксузен казахстански костум со крзени капа и капут.
Сликите ги направил официјалниот фотограф на претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев за време на разговорот. Но, сликите брзо многу брзо објавен на Инстаграм на службата за печат на Казахстан.
Според соработниците на Оланд, претседателот на можел да избега од фотографирањето. “Немал со него ни советник и новинар и бодигард и немал избор освен да се слика”, велат службите на Елизејската палата.
Сабајлево сликата била избришана од официјалниот Твитер и Инстаграм на Казахстан. Според РТЛ телевизијата подарокот за претседателот на бил изненадување на неговите соработници од кои казахстанскиот протокол побарал, пред посетата, да им се испратат конфекциските мерки на Оланд.





