Улогата на Украина како земја на транзит за гас ќе биде сведена на нула а транзитот ќе се одвива преку Турција, изјави вчера газдата на Газпром Алексеј Милер, за руската телевизија Русија 24, откако беше соопштено дека Русија се откажува во проектот за Јужен поток.
“Ние донесовме финална одлука за новите алтернативни патишта за гасот”, рече Милер. На досегашното место на Украина Русија сега својот гас ќе го пренесува преку Турција која сега е “нов стратешки партнер во овој сектор” како што рече Милер.
“Турција ќе биде големата земја на транзитот со 50 милијарди м3 кои ќе минуваат преку оваа земја”, рече Милер додавајќи дека ќе биде изграден гасовод кој тргнува од Турција и ќе минува преку Црното Море.
Минатиот понеделник рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва се откажува од руско-италијанскиот проект Јужен поток во кој учествуваа седум земју членки на ЕУ и кој требаше да биде гаранција за снадбувањето со гас за ЕУ.
Проектот започна пред руско-украинскиот конфликт и тензиите помеѓу Русија и ЕУ. Гасоводот требаше да оди кон Бугарија и потоа да се насочи кон ЕУ преку Србија, Унгарија и Словенија. Најавен беше капацитет на 63 милијарди м3 годишно.




