Во синоќешните жестоки протести во Атина приведени се 211 луѓе. Неколку илјади демонстранти излегоа на протест во знак на сеќавање на 6-годишнината од датумот кога атински полицаец уби невооружен тинејџер, при што дојде до судир со пoлицијата.
Во текот насилните демонстрации бил оштетени продавници и автобуски станици. Дел од демонстрантите упаднале во продавница за облека, ја изнеле облеката на улица и ја запалиле. Полицијата интервенирала со солзавец.
До судири дошло и во Солун, каде разгневените демонстранти претепале двајца полицајци во цивил, а интервентната полиција дејствувала со солзавец и шок бомби.
Тинејџерот Александрос Григоропулос беше убиен во декември 2008 година по вербален судир со полицијата. Неговата смрт предизвика двонеделни протести, најнасилни во поновата историја на Грција.
Протестите се совпаднаа со периодиот во кој во затвор се наоѓа близок другар на Григоропулос, Никос Романос, кој е осуден за грабеж на банка. Тој бил присутен во моментот кога неговиот другар бил убиен, а денеска во затвор штрајкува со глад и бара да биде пуштен за да посетува предавања на универзитет. Неговата здравствена состојба се влошува.



