НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичари: ВМРО-ДПМНЕ штети на интеграцискиот и мировниот процес на регионот

0
By Ана Василевска on August 22, 2023 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грција пак ги собра балканските лидери во Атина на тема проширување на ЕУ. Лидерите, меѓу кои присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија, Урсула Вон Дер Лејен, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на Молдавија, Маја Санду и премиерите на соседните земји изразија силна поддршка и солидарност со украинскиот народ во нивната борба за враќање на слободата и потенцираа дека обединетоста околу враќањето на мирот е недвосмислена.

Од друга страна лидерите од регионот испратија порака дека како никогаш досега е потребна силна политичка поддршка за побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

– Ценејќи ги вредностите на Европската Унија засновани на демократијата, владеењето на правото како и почитувањето на основните човекови права и слободи, земјите од Западен Балкан се фокусирани кон европската иднина. Како што стои и во Солунската декларација од пред две децении: „Европа ќе биде навистина обединета само откако сите земји во регионот ќе станат нејзин интегрален дел“, се вели во заедничаката изјава на лидерите од регионот.

Но, каков би можел да биде епилогот во случај да не успее одобрувањето на уставните измени и да се попречи напредокот на Северна Македонија кон ЕУ?

Исмет Рамадани

Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Македонија (ЕАСМ) во изјава за „Фронтлајн“ вели дека ако не се изгласат уставните измени, постои реална можност да се издвои Албанија, која ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија. Ние ќе останеме во чекална со голема неизвесност за иднината на нашата земја.

– Ако останеме во друштво со Босна и Херцеговина и Косово ќе бидеме третирани како земја со отворени проблеми и закана за мирот во регионот. Тоа значи дека ќе расте влијанието на Русија и Кина за да се попречи патот кон интеграција во ЕУ. Во исто време ќе се продуцираат лажни ветувања за промена на европскиот дискурс, кои ќе направат хаос во внатрешните политички и меѓуетнички односи. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја ставаaт во заложништво партијата за тој да седне еднаш во таа пуста премиерска фотелја. Се прашувам, чуму му е таа фотелја кога земјата ќе биде изолирана, во политички хаос и економски оштетена, вели Рамадани.

Според него, времето покажало дека компромисот во решавање на проблемите е најблагородна придобивка за општеството.

– Тогаш, зошто да не важи за нас, кој сме најдобар пример со досегашните компромисни договори, иако со задоцнување дојдовме до компромис со Грција, но сепак се исплати, станавме членка на НАТО, нагласи тој.

И новинарот и публицист Џабир Дерала во изјава за бугарската државна телевизија (БНТ) изјави дека доколку не се одобрат уставните измени, земјата може да влезе во комплицирани политички и меѓуетнички сценарија.

Џабир Дерала

– Во прашање не е само европската интеграција на Република Северна Македонија, туку и етничките односи во земјата. Албанците во земјата се цврсти поддржувачи на пристапувањето, а заостанувањето зад Албанија на патот кон Брисел може да доведе до тензии во земјата, изјави Дерала за БНТ.

Мухамед Халили поранешен амбасадор и претседател на Советот на амбасадори смета дека ако не се изгласат уставните измени нема ништо трагично да се случи.

– Ќе ги изгласа друг состав на Собранието. И кога би ги изгласале сега не би имале некоја посебна корист. Најголемиот проблем е државниот криминал, непотизам, корупцијата, но никако не се Бугарите. Секоја земја треба да оди напред согласно сопствените заслуги. „Што ако одиме заедно а во иднина поради неисполнување на некој услови од страна на Албанија треба да чекаме неколку години за да зачекориме заедно?“. Секоја земја аплицира посебно во ЕУ, и посебно треба да биде полноправна членка на ЕУ. Никој не гарантира дека после изгласување на уставните измени ќе станеме полноправна членка. Тоа што ЕУ гарантира дека се квалификуваме за втора рунда на преговори со Унијата, никој не може да прогнозира за понатаму, ниту пак сега е сè готово. Исто така излезе дека и после Преспа не било сè готово. Бугарија настојува правата на Бугарите да ги проблематизира низ целиот Балкан, како кај нас и во Србија, Романија, Албанија, а истовремено негирајќи ги правата на другите кои живеат во Бугарија, изјави Халили за „Фронтлајн“.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на средба во Атина – разговарале за најновиот развој на настаните во контекст на отпочнувањето на процесот на уставни измени, за кои земјата ја има поддршката на ЕУ со цел продолжување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија.

– На средбата беше истакната важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата, се вели во владиното соопштение.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќање на летната академија “Quo vadis Europa?”, во Сантандер, Шпанија нагласи дека проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан е врвен безбедносен интерес за ЕУ.

– Обединета и просперитетна Европа во мир може да се постигне само со обединет и просперитетен Западен Балкан во мир. Во таа смисла, ова е редок случај на очигледен споделен интерес и за ЕУ и за ЗБ. Политички, економски, културолошки, па дури и географски, ние сме патници на истиот брод , порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во денешното обраќање на летната академија “Quo vadis Europa?”, во Сантандер, Шпанија, организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Борел и Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо.

„Солунската декларација“ – е документ кој произлезе во 2003-та година со кој се зацртаа новите линии во проширувањето на Унијата и пристапни инструменти кои служеа за забрзување на евроинтегративниот пат на Западен Балкан. Поводот за последната неформалната средба на лидерите од регионот во Атина е одбележување на 20 годишнината од „Декларација во Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан што во суштина имаше за цел да го отвори патот за интеграција на многу земји од областа во ЕУ.

Дестан Јонузи

Извор: Фронтлајн

ВМРО-ДПМНЕ Интеграција во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.