НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумски тајкун?

0
By Ана Василевска on August 24, 2023 КОЛУМНА, Медиуми, ПОЛИТИКА
Џабир Дерала
Џабир Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Во овој текст се разгледува случај на употреба на израз што се појавува во неколку манипулативни медиумски содржини со исти пораки, што може да послужи како илустрација за начинот на градење на пропагандните наративи.

Го дочекав и тоа. Во еден интернет медиум, инаку гласило на националистичката опозиција, во повеќе наврати ме нарекуваат медиумски тајкун. Ова секако дека ќе го прифатам, барем делумно, како комплимент, односно како признание, и тоа не само за мене, туку и за сите мои колешки и колеги со кои работам и соработувам. Од однесувањето на пропагандистите се гледа дека тоа што го правиме е големо и влијателно.

Во секој случај, ова не е текст за значењето и вистинитоста на тврдењето дека сум тајкун, бидејќи тоа е многу најмалку важно. Всушност, со вештачко доведување на одредени авторки и автори со мене, а јас сум наводно „тајкун“ (имало и многу полоши етикети), се прави манипулација, што е дел од долгогодишната кампања за дискредитација и поттикнување омраза против демократските и прогресивните сили во земјата.

Но, еве, прво за „комплиментот“… Тајкун, според Енциклопедија Британика, значи „многу богата и моќна личност во бизнисот“, па наведуваат примери за употреба на тој термин, како – тајкуни во бизнисот, медиумите, нафтената индустрија и во транспортот. Тоа „многу богата“ е и моја (и не само моја) желба која, за жал, не ми/ни е остварена (ни оддалеку). И тоа „моќна“ не знам дали е точно, но ако тоа го велат пропагандистите кои не можат да ме смислат, ќе прифатам со насмевка. Се разбира, моќта на зборот е неприкосновена, па ако на тоа мислат, да, ќе прифатам и тоа со широка насмевка.

Изразот „медиумски тајкун“ се објаснува и во Википедија. Таму, меѓу другото, пишува:

„Сопственик на медиуми, наречен и медиумски извршен раководител, медиумски магнат или медиумски тајкун, е претприемач кој ги контролира медиумите што ги консумираат многу поединци, преку лична сопственост или држење на доминантна позиција во медиумски конгломерат или претпријатие. Оние кои имаат значителна контрола, сопственост и влијание на голема компанија во медиумите може да се наречат и бизнис магнати. Во поново време, креаторите и основачите на платформите за социјални медиуми исто така се сметаат за сопственици на медиуми.“

Оттаму, навистина им благодарам на редакциите и „новинарските“ пера кои покрај моето име го додаваат описот „медиумски тајкун“. Мене лично не ми значи ништо, особено знаејќи ја злонамерната заднина на овие пропагандни четива (за тоа, малку подолу), но сигурно е големо признание за сите мои колешки и колеги. Тоа значи дека пропагандните центри сфатија дека медиумите во кои ние работиме допираат до огромен број луѓе. Ние го знаеме тоа, но навистина не очекувавме вакво „искрено“ признание.

МАНИПУЛАЦИЈА, ОБИД ЗА ДИСКРЕДИТАЦИЈА И ПОТТИКНУВАЊЕ ОМРАЗА

Сепак, овие „комплименти“ не се ни толку наивни, инаку не би го заслужиле моето внимание. Напротив, тие се дел од нешто поголемо. Впрочем, овие етикети ми се ставаат во контекст на пишувањето на мои колеги во медиумите во кои работам, а им пречи дури и нивното слободно изразување на социјалните мрежи.

Тие што знаат како работиме ние, моите колешки и колеги, ќе ви кажат дека кај нас уредувачката политика ја креираме заеднички и низ постојани дискусии, па често и прилично гласни расправи. Постојат неколку рубриките во кои никој од нас и не помислува да интервенира во содржината, освен технички (фотографии, дисклејмери, формат, печатни грешки и јазична редакција) – тоа се рубриките за слободно изразување на ставовите. За тоа може да посведочи големото шаренило на пораки во тие секции со кои, јас како главен уредник и уредувачкиот колегиум, не секогаш се согласуваме. Некогаш се согласуваме со ставовите, но не и со начинот на кој тие се пренесени. Но тоа е повеќе од очигледно, бидејќи градиме целосно отворена, слободна и независна медиумска платформа.

А за тоа што пишуваат авторките и авторите на социјалните мрежи? Таму навистина никој од нас никогаш не се замешал. Можеби некогаш (ако воопшто) сме коментирале или сме се обиделе да се разубедуваме во директна комуникација, но никогаш никој од нас не се ни обидел да изврши притисок. Буквално никогаш. Тоа не си го дозволуваме.

Наспроти тоа, овие неславни пропагандни текстови се обидуваат да ги омаловажат Фејсбук објавите на нашите соработнички и соработници со тоа што пишуваат цели текстови во своите медиуми, па во недостаток од аргументи, ги доведуваат во врска со „медиумскиот тајкун Џабир Дерала“. Ќе беше смешно, ако зад тоа нема друга, манипулативна и злонамерна порака.

Сите знаат дека против мене лично, како и против ЦИВИЛ, се води жестока и прилично скапа кампања, со различен интензитет, речиси од самото формирање на организацијата пред 24 години. Таа кампања особено се засили со формирањето на медиумската платформа на ЦИВИЛ, на македонски, албански и англиски во 2009 година, а уште повеќе од 2015 година наваму. Значи – осум години, многу интензивна кампања!

КОЛКУ ТРАЕ И КОЈ СЀ Е ВКЛУЧЕН ВО КАМПАЊАТА?

Се води секојдневна кампања – подла, со омраза, лаги и закани, често и закани по животот.

Тоа е кампања во која неретко најотворено се вклучуваат дури и лидери и високи функционери и протпароли на некои политички партии, универзитетски професори, новинари, уредници, ен-џи-овци, офицери на Армијата, и разноразни инфлуенсери. Кога ќе помисли човек, па и не е мала работа.

Но да видиме уште една димензија на оваа најнова компонента на кампањата со кодно име „медиумски тајкун“.

ЕТИКЕТИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОТТИКНЕ ЕТНИЧКА ОМРАЗА

Најлесниот начин да се нападне некој во оваа земја е да му се залепат неколку етикети, меѓу кои етничката „најдобро работи“, се разбира, каде што тоа е соодветно. Па така, во дел од медиумите не се пропушта да се каже дека јас сум Албанец (често сосема отворено пишуваат Шиптар на социјалните мрежи). Но тоа е само појдовна точка. За нив, јас сум и великоалбански националист, балист, итн. Сите тие етикети имаат една цел – да поттикнат етничка омраза.

И сега, откако после осум години жестоки удари и обиди за дискредитација, омаловажување, навреди, говор на омраза и тотални измислици кои „слетуваат“ на моја адреса, кога ќе напишат за некого дека е „соработник на медиумскиот тајкун Џабир Дерала“, тоа „во превод“ значи: Тој/таа е соработник со сè што набројав погоре, односно – предавник. Тоа е контекстот и не така скриената порака на оваа пропаганда, како што и етничката омраза најчесто не е ни малку прикриена. Навистина глупаво, но истовремено и ужасно отровно и зло.

Притоа, не заборавајте, етничката омраза има одредена „употребна вредност“. Преку неа се прибираат политички поени за јакнење на рејтингот на политичарите и партиите, се поларизира општеството, се внесуваат тензии и недоверба, се промовира насилството и се подриваат темелите на демократското, мултикултурното и прозападното општество. Јасно е како ден.

Но за да останеме позитивни, ние само ќе се задржиме на констатацијата дека антизападната и ултранационалистичка пропаганда веќе не може да го скрие својот восхит од нашата (и мојата, ете, да се согласам со пофалбите) работа и достигнувања.

Им благодариме.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Медиумски тајкун Пропагандни наративи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.