Published: Monday, December 8, 2014 13:18
Доцна синоќа во грчкиот Парламент беше усвоен Буџетот за следната година. 155 пратеници на Нова демократија, ПАСОК и еден независен пратеник гласаа „за“ а 134 против буџетот кој беше критикуван од грчките синдикати и меѓународните кредитори.
Со него се предвидува раст од 2.9 отсто и намалување на невработеноста до 22.6 проценти.
Според грчкиот премиер Андонис Самарас Грција по многу децении сега имала избалансиран буџет.
– Ова е историски момент, рече Самарас, додавајќи дека тоа е единствен пат кон развој.
Грција од 2010 година се потпира на меѓународна помош од останатите земји членки на еврозоната и ММФ.




