Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Османи-Џин: Економската соработка останува главен фокус на заеднички интерес на Северна Македонија и Република Кореја

0
By Ана Василевска on August 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Средба, Османи-Џин
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 28, 2023 13:40

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Парк Џин, во рамки на Бледскиот стратешки форум, што претставува прва средба на ниво на министри за надворешни работи по воспоставувањето дипломатски односи.

Османи по средбата истакна дека е искажана заемна готовност за зголемување на трговската размена и поврзувањето на бизнис заедниците од двете земји.

Како што јави известувачот на МИА од Блед, во фокус на разговорите биле можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји по воспоставувањето дипломатски односи во 2019 година, со посебен акцент на економските релации и бизнис врските.

-Економската соработка останува главен фокус на нашиот заеднички интерес. Пред нас се отвараат големи можности за зголемување на трговската размена и бизнис вмрежување. Вложуваме значителни напори во економската дипломатија и сме посветени во креирањето поволни услови за странските инвеститори, рече Османи подвлекувајќи дека инвеститорите од Република Кореја во Владата на Северна Македонија ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.

Како што јави известувачот на МИА од Блед, на средбата станало збор и за актуелните безбедносни предизвици по руската воена агресија врз Украина. Воедно беше поздравена и соработката меѓу НАТО и азиските партнери, каде Република Кореја има значителна улога.

Министерот за надворешни работи Османи денеска ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, а утре на вториот ден од Форумот ќе има обраќање на панелот насловен „Западен Балкан: Се се менува, но се останува исто?“.

Османи како што е најавено ќе има билатерални средби со државната секретарка за европски прашања на Франција, Лоранс Бун, државната секретарка за европски прашања на Португалија, Тиаго Антунес, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич, со членот на Државниот совет на Франција и поранешен советник на францускиот претседател, Александре Адам, како и со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја.

Бледски стратешки форум Османи-Џин средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.