Лидерите од Арапскиот Залив пристигнаа во Катар за самитот на кој според наводите, ќе се разговара за формирање на агенција слична на Интерпол која ќе се бори против регионалните закани.
Состанокот доаѓа по 8-месечен дипломатски спор помеѓу Саудиска Арабија, Обединетите Арпаски Емирати и Бахреин против Катар кој наводно го поддржувал Муслиманското братство.
Братството е „етикетирано“ како терористичка организација од страна на Саудиска Арабијаи ОАЕ а Кувајт и Оман останаа неутрални по ова прашање.
Се очекува советот да разговара за започнување на заедничката воена агенција која ќе биде со седиште во Ријад, Саудиска Арабија.
Според оечкувањата, „најмногу работа ќе има“ државната разузнавачка служба на ОАЕ, прогнозираат арапските експерти.
Падот на цената на нафтата е уште една од темите во фокусот на самитот, особено откако некои од земјите побараа реформи при експортот на нафтата.




