НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасени над 400 лица во невремето во Грција, двајца загинати и четворица исчезнати

0
By Ана Василевска on September 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 172 спасувачки акции во деловите зафатени од поплавите во централна Грција, биле спасени 417 граѓани, додека пак четворица се сѐ уште исчезнати, соопшти министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција, Василис Кикиљас на денешната вонредна прес конференција за невремето „Даниел“ во кое досега две лица ги загубија животите, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас ги повика граѓаните да ги следат препораките од надлежните и во следните 24 часа, а говореше за невреме од досега невидени размери, велејќи дека фразата „се отвори небото“, во конкретниот случај може буквално да се употреби.

Тој истакна дека поради интензитетот и траењето на невремето притисокот бил голем, додаде дека се работи и на санирање на штетите во снабдувањето со вода и електрична енергија, додека пак дополнително ќе се евидентираат штетите на инфраструктурите, домовите и бизнисите.

Метеорологот и потпретседател на Управниот одбор на Центарот за студии за управување со кризи во Генералниот секретаријат за цивилна заштита Димитрис Зиакопулос, на прес-конференцијата истакна дека кога во петокот ги видел прогнозите за вчерашниот ден, како што рече, се исплашил, бидејќи прв пат по децении во неговата кариера моделите давале такви податоци.

Тој објасни дека според податоците од метеоролошките станици во планинскиот дел на областа Магнисиа, во период од 24 часа паднале од 600 до 800 милиметри дожд, што е огромна количина и за Грција, но и за повеќето региони во Европа.

– Од 600 до 800 милиметри, за споредба, обично има на јужните падини на Алпите кога ги погодува топол медитерански воздух, објасни метеорологот додавајќи дека станува збор за појава без преседан и досега во Грција немало толкава количина на дожд од тогаш кога се води евиденција во земјата.

Невреме во Грција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.