Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуда за предметот „Еразмус“: Затворска казна за професорите Шуклев и Ристевски за примање поткуп за оценки, барале и сексуални услуги

0
By Ана Василевска on September 7, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 7, 2023 14:20

Основниот Кривичен суд Скопје денеска  ја објави пресудата за предметот „Еразмус“ во кој за примање поткуп обвинети беа тројцата професори од Економскиот факултет при Универзитетот св.Кирил и Методиј во Скопје, Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски и демонстраторот Драган Денковски.

Како што пишува Макфакс, обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп доби казна затвор од четири години, Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години.

Судот на Шуклев и на Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од пет години. Исто така, и за обвинетиот Драган Денковски, сметано од денот на правосилноста на пресудата. Времето поминато во затвор се засметува во времето на траењето на забраната.

Тројцата професори, Бобек Шуклев, Драги Јанев, Славе Ристевски, како и демонстраторот Драган Денковски, беа гонети за примање поткуп од студенти за пишување преодни оценки. При изрекување на пресудата, за професорите Шуклев и Јанев, судијата дополнително рече дека е утврдено оти барале и сексуални услуги од студентки.

Извор Макфакс

 

Кривичен суд Скопје Пресуда „Еразмус“ Примање поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.