НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуња Иванова со концерт посветен на музиката на Ханиа Рани

0
By Ана Василевска on September 11, 2023 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија на 13 септември (среда) , пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт посветен на музиката на современата и прогресивна полска композиторка Ханиа Рани. Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура на РС Македонија.

Ханиа Рани е пијанистка, композиторка и пејачка. Родена е во Гданск, Полска.  Студиите по музика ги стекнува на Универзитетот ,,Фредерик Шопен” во Варшава. Автор е на албумите ,,Есја”, ,,Дома”, ,,Музика за филм и театар” и ,,Внатрешни симфонии” во издание на ,,Гондвана рекордс” и ,,Дојче грамофон”. Нејзините дела претставуваат фузија на минимализам, експериментирање и импровизација во неокласичен манир. Соработува со Викингур Олафсон, Хугар, Портико квартет, Игор Хербут, Мела Котелук. Kонцертира на сцените во Европа, Северна Америка, Австралија и Јапонија. За себе ќе рече: ,,Мислам дека сум истата и како уметник и како човек. Музиката е мојот начин на комуникација зашто таа е нешто целовито, без граници, без поделби.”

Дуња Иванова магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Тирана (Албанија), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); Подгорица (Црна Гора), на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots во Прилеп, настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија и Македонската филхармонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Тери Рајли, Стив Рајх, Микаел Сапин, Давид Федел, Бјанка Бан, Јан Тирсен, Макс Рихтер. Автор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010), „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012), ,,Контекстот како предуслов за музичко доживување“ (2018).

 

Дуња Иванова Концерт на пијано Ханиа Рани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.