НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Ако храната на берзанските цени во ЕУ е зголемена за 11 отсто, овде е зголемена за 46 отсто, тоа не е етички

0
By Ана Василевска on September 13, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во кризно време компаниите не треба да бидат една од причините за кризата да биде уште поголема. Неетичкото однесување носи до поголеми последици кои можеби веднаш нема да ги видиме, но утре веќе ќе биде доцна, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој посочи дека се прават обиди да се докаже дека има договорање за цените во неколку сектори.

Вицепремиерот нагласи дека токму тоа е и една од причините зашто 52 отсто од младите бегаат од регионот на Западен Балкан.

-Неетичкото однесување прави да не можеме да ги задржиме младите. На денешниот настан зборуваме за можности на младите, а од друга страна се соочуваме со секакви неетички однесување на кoj билo и затоа се поставува прашање како да ги убедиме да останат и да им кажеме дека креираме нови можности. Ние ги пробавме сите опции за цените на производите. Доаѓам од бизнис секторот кој работи за профит, но покрај профит постои и етика и морал. Затоа вчера отидов во Комисијата за заштита на конкурентноста и разговарав со нив за да покренат иницијативи во неколку сектори за да видат дали евентуално може да докажеме дека има договарање за тоа што се случува со цените, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање на паузата на Регионалниот форум за социјално претприемништво во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка – РИКО.

Нагласи дека цените на светските берзи заради инфлацијата се зголемени за една четвртина помалку отколку во земјава.

-Нешто се случува. Не може нашата земја да е уникатна и изолиран остров кога е составен дел од цела Европа. Според податоците на ФАО берзанските цени во Европската Унија се за една четвртина помали отколку што се тука. Ако храната на берзанските цени во ЕУ е зголемена за 11 отсто, овде е зголемена за 46 отсто. Тоа не е етички, потенцира Битиќи.

Кај нас, како што кажа, најголеми проблеми со цените има во сегментот на големата потрошувачка што е директно поврзано со основните прехранбени производи. Затоа истакна дека мора да се зајакнат инспекциските служби со професионалци што ќе бидат цело време на терен и ќе го следат однесувањето во компаниите, банките и во сите сегменти на општеството.

-Во сегментот на големата потрошувачка најмногу се чувствува зголемувањето на цените, но има и на секаде. Со зајакнувањето на капацитетите на Комисијата за заштита на конкурентноста и на сите други инспекциски служби ќе се обидеме да ставиме ред и на тој начин да ги задржиме младите во земјава. Борбата за да ги задржиме младите не е борба само на еден поединец или на една Влада, туку е борба на сите чинители во општеството. Тоа мора да го разберат сите без разлика дали се стопанственици, политичари, академици или се обични граѓани – дека мораме да си ја сакаме земјата онака како што си се сакаме себеси, посочи Битиќи.

Комисијата за заштита на конкурентноста Фатмир Битиќи Цени на храната
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.