Филмот Арго, кој доби Оскар за најдобар филм го разлути официјален Иран, кој го нарече анти-иранска пропаганда.
Арго, чие дејствие го опфаќа спасувањето на американски дипломати од Техеран после Исламската револуција, е противирански филм, а освен тоа е и лош, изјави иранскиот министер за култура Мохамед Хосеини.
Овој филм нема уметнички вредности, се работи за лош филм, а од непријателот не ни очекуваме нешто друго.
Според иранските медиуми, доказ дека одлуката за Оскар е политичко дело е фактот што победникот го објави американската прва дама Мишел Обама, и тоа предку видео врска од Белата Куќа. Филмот не е прикажан во ниту едно кино во Иран, н во техеран се продава на црно, на пиратски ДВД-ја.