Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Спасовски се сретна со неговиот албански колега Бала

0
By Marta Pesevska on September 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 13, 2023 21:11

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва, за време на работниот престој во Тирана, по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со неговиот албанскиот колега,Таулант Бала.

На средбата македонскиот прв полицаец  му го  честитал  назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на личен и професионален план.

-Токму Министерската Конференција во рамки на Берлински процес во Тирана е добар старт за продлабочување на веќе успешната соработката помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Албанија.
Преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, како и заедничкото учество во Регионалните иницијативи, можам да кажам дека соработката помеѓу граничните полиции на двете држави е континуирана, објави Спасовски на Фејсбук.

Додава дека на средбата се договориле да започнат подготовките од двете страни кои ќе значат позитивен одговор на барањата на македонската заедница во Албанија,  поточно областа Голо Брдо, граничниот премин Џепиште-Требиште кај Дебар да работи 24/7, со што ќе се олеснат потребите на Македонците што живеат и работат.

Овој премин е од локален карактер и работи од 6 до 20 часот во летниот и од 8 до 18 часот во зимскиот период.

-Продолжуваме и во иднина да ги интензивираме сите активности коишто веќе се отпочнати, и ќе започнуваме и нови, кои ги отвораат европските перспективи на граѓаните и на регионот – Нашите заеднички цели им се безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеењето на правото и европски институции, наведува Спасовски.

Бала Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.