Безуспешен обид на помала група демонстранти да ја блокираат зградата на сојузен суд во Калифорнија поради масовните и насилни протести за повеќе случаи на убиени Афроамериканци од полицијата.
Околу 50 демонстранти вчера вечер го блокирале влезот и излезот на судот во Оукленд.
Протестот го организирале членови на белата заедница кои им се придружиле на верските лидери под пораката „тишината на Белците е еднаква на насилство, и животот на Црнците е важен“.
На мирниот протест, демонстрантите за кратко го блокирале сообраќајот на патот кој ги поврзува Беркли и Оукленд.
Веќе неколку недели траат протестите ширум САД откако во градот Фергусон судот го ослободи од обвинение полицаецот кој го застрела Афроамериканецот Мајкл Браун, а потоа и ослободувањето на полцаецот кој со рака го задави Ерик Гарднер.
И двјацата Афромаериканци беа невооружени.




