НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите бои – ЦРВЕНО

0
By Ана Василевска on September 19, 2023 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

БОРКО ЗАФИРОВСКИ

Црвениот оркестар, беше поим за распространета мрежа на леви, про-советски симпатизери и членови на претежно Западноевропски комунистички партии.

Нивната цел беше ширење на симпатии и поддршка кон Советскиот сојуз како држава создадена во првата успешна социјалистичка револуција – Октомвриската.

Во бурните општествени и меѓудржавни флуктуации на немирните години меѓу двете светски војни, бројни беа поддржувачите на Советската политика како и пропагандата за идеалите на Револуцијата за праведно и силно општество.

Меѓу успешните активности на политиката беше ореолот на правда и слобода за сите, а тоа ги обедини раководствата на влијателните сродни партии низ Европа, но и пошироко, да се формира Коминтерната, како здружено неформално но влијателно тело со седиште во Москва а набрзо и како погоден инструмент за манипулација со луѓе и настани.

Чека, тајната полиција на идеолозите како Чержински, трансформирана во НКВД, навлезе насекаде – од југоистокот, на Балканот (заинтересирана за Босфорот, но и движењата на револуционерни партии, како и терористички структури, на пример во ВМРО, периодот Обединета, до згаснувањето), па до корените во Шпанската граѓанска војна, центрите на руската емиграција со ветувања за помош и помирување на црвените и белите, како и во витални служби на државата, нивни воено-полициски, но и универзитетско-научни структури.

Со еден збор “Црвениот оркестар”, се претвори во идеализирана армија на „прогресивни леви сили“ а во нелегална партиска организација (Коминтерната) дури и на интелектуалната авангарда.

Тоа значеше и постојано делување официјално или конспиративно (преку свои дејци и раководни воени чинови), на Ен-Ка-Ве-Де.

Граѓанската војна во Шпанија и интернационалните доброволни бригади, станаа плен на пропагандата и колку придонесоа за левите граѓански сили, толку внесоа и недоразбирања и се повеќе страв. Постапно се чувствувала раката на службата а и раздорот во европските партии но и сознанијата за осуди, па и ликвидации, особено по посета со консултации во Москва.

Таквата сложена мрежа станува опасна и за нејзините креатори и паранојата што се втемелува а , особено алармира по големите чистки во врвот на Црвената Армија, пред самиот почеток на Втората светска војна и во текот на 1939-1941, до триумфот внатре во Армијата и претежнувањето на живите легенди од херојските битки.

Тоа е таа Црвена армија ослободена од наметнатиот терор на службите како “армија во армијата”. Со завршувањето на војната  и капитулацијата на 9 ти мај 1945-та, продолжуваат внатрешните прегрупирања за потребите на новата геополитичка сцена: проверка и чистење на кадрите во НКВД со нови задачи за политички процеси и монтирани судења за превласт на партиската и полициската врхушка.

Сите држави и структури под влијание на Советскиот сојуз и КП на СССР, требаше да бидат „чешлани“, за создавање на монолитност врз херојски песни и почести за милионските жртви дадени за ослободување и победа над фашизмот, но сега со распуштање на Коминтерната и „странските“ влијанија на неистомисленици.

Се обработуваа списоците на НКВД но и на полициите од ослободените држави, а со идеолошки насоки. Се најдоа на тапет сите, заедно со семејствата и пријателствата. Се трасираа патишта за логори и егзекуции зад кои ќе дојде и новото НКВД, сега како КГБ.

Срамниот обид за создавање на Информативно биро меѓу државите со лева, социјалистичко-работничка и комунистичка определба а на чие чело (?) требаше да претседава Тито од името на Југославија и КПЈ, како врвни повоени заслужни авторитети, замириса на желба за центар со манипулации врз новите држави. Искуството на Ј. Б. Тито и многумина од врвот на Партијата и државата, кои не практикуваа долги посети и престој во Сталиновите одаи, внимавајќи на тоа што ќе кажат, придонесоа за внимателна „употреба“ на Советските искуства и инструкции, од армијата, полицијата па до подметнати платени, а неисправни машини и фабрики. Беа сè почести укажувањата и демаршите кон братскиот Советски сојуз, а осудата на активности во Армијата и на сите нивоа, од одредени наши авторитети со заслепени паради на ликот и делото на Сталин, го трасираше патот за пучистичко уривање на легалната власт и произнесување со критики на Титовата „ревизионистичка“ политика , покајување и прифаќање корекција по Сталиновиот исправен пат.

Така, Информативното биро што требаше да го предводи, му упати Резолуција на Ј. Б. Тито, а ги вклучи деноноќно да брмчат тенковите од соседните социјалистички држави.

На прашањето на Шефот на Кабинетот, што да се објави, Тито рекол – вест дека заминува на одмор, а Резолуцијата без коментар, во целост.

Познати ни се последиците од таа Резолуција како и неславниот крај на диктаторот со Црвен превез на победничката Црвена армија, што заедно завршија за анализи низ историјата.

Победа беше и покајувањето од Хрушчов со целиот тим на сред Белградскиот аеродром. Имаше многу за чистење и договарање на принципи на еднаквост, а лекцијата траеше долго и се чини, никогаш не заврши.

Грамадата од луѓе, средства и механизми, Црвените нијанси и трансформации, во (секогаш) ЦРВЕНО, ја издигна догмата во триесеттите, а се пренесе и ја учеа генерации и по тоа: догмата не стана мит вон од Руската свест, а денес опоменува за политички далтонизам.

Кога го прашав писателот, борец и дипломат Владо Малески, во ТВ Скопје за контекст во неговото дело „Езерко Дримски“, како ни се случи Голи оток кога веќе знаевме за методите на Сталинизмот, умниот интелект цинично заклучи: тогаш не познававме други методи, освен руските.

ПС. Прелевање на Црвеното:

Првиот секретар на Ју амбасадата во Софија 1946-7 и 8-ма, шеф на Воената мисија, основоположникот на М. Л. Кружок, првоборец и Асномец, потполковник на ОЗНА за МК, Митко Зафировски, беше познавач на нквдеовската методологија со која контактирал преку Шатев и Влахов, за укинување на ВМРО Обединета и приклучување кон леви партии.

При посетата на Ј. Б. Тито на Бугарија, Митко се искажал за недозволени Советски активност и мешање со Бугарски провокции. Тито одговорил, знам, те читам, пишувај директно кај мене во Маршалат. По Резолуцијата, во процесот против премиерот Трајчо Костов за велеиздаја и соработка со Тито, М. Зафировски е осуден на смрт во отсуство за врбување на Костов…(Документирано во издание “Процес”).

Сите наши кадри, македонски и југословенски, кои сработувале и меѓународно придонеле, беа високо почитувани, освен од непријателите. Елисие Поповски Марко, шпански борец и Митко Зафировски беа одликувани во 1966 та со највисок орден од Ј. Б. Тито, за нивниот 60 ти роденден и 40 години во партијата.

Добрите разузнавачи работат за татковината и државата. Така, Славко Јаневски во Хомо Универзум, ќе напише: можеби Зорге на Балканот.

Елегантни господа.

Што правиме денес?

Да не ги мешаме боите.

Различни се па ни подметнуваат.


Текстот е личен став на Авторот.
Комунизам револуција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.