Претседателот на Украина Петро Порошенко вели договорот помеѓу неговите сили и про-руските активисти за источниот дел на Украина довеле до прв ден во кој нема загинати или ранети војници од почетокот на борбите.
– Денеска се првите 24 часа по изминатите седум месеци да има прекин на огнот во Украина. Ова е прва ноќ а да нема изгубени украински или руски животи. Нема ни ранети, рече Порошенко.
Сепак тој инсистира дека е се уште рано да се тврди дека договорот за привремен мир претставува и крај на тензиите во Источна Украина.
– Само со единство ќе победиме, а не со воени средства. Ќе победиме само со политички дијалог кој ќе донесе мир и стабилност за мојата земја, континентот и светот, изјави Порошенко.
Тој вели Русија ја казнува Украина бидејќи неговата земја избрала слобода. Според него не се работи за борба за независност на Украина, туку и за светската демократија и светската безбедност.




