Италија денеска е погодена од осумчасовен генерален штрајк што го свикаа водечките синдикати за да го изразат незадоволството со политиката што ја спроведува Владата на Матео Рензи.
„Вака понатаму не оди“ е паролата на штрајкот во јавниот и приватниот сектор, што го организира главната италијанска синдикална конфедерација (левиот ЦГИЛ) со поддршка на умерениот УИЛ. Третата, помала синдикална конфедерација (десниот УГЛ) дополнително се приклучи на штрајкот.
Главна причина заради која реагира синдикатот е законот за работа, реформа на пазарот на труд што ја креиеа премиерот Рензи.
Според него реформата има за цел да го поттикне вработувањето. Законот, усвоен минатата недела, предвидува помали отпуштања и намалување на правата и заштитата на работниците во првите години од договорот.
Со штрајкот ќе бидат погодени сите сектори, вклучително и железничкиот сообраќај. Иако управата на италијанските железници го забрани штрајкот, вработените во железничкиот сообраќај најавија штрајкови и во сабота и недела.
Многу воздухопловни компании заради најавите за штрајк во Италија ги откажаа домашните и меѓународните летови.
извор: Макфакс




